Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Исхрана по 50-та година: Нутриционистите со интересни совети

По 50-та година сè се менува, метаболизмот се забавува, телото губи мускули, коскената маса се проретчува, а кожата забрзано пропаѓа. За да се забават сите овие процеси, неопходна е промена на менито и стекнување здрави навики.

Околу 50-та година, телото годишно губи по еден или два проценти од мускулната маса. Луѓето кои отсекогаш јаделе балансирани оброци, во повозрасниот животен период нема да мораат драстично да ги менуваат навиките, но и тие ќе мораат да воведат некои помали промени.

Дневните енергетски потреби се намалуваат за 10 отсто на возраст од 51 до 75 години, а потоа се намалуваат за уште 10 отсто на секои 10 години.

„Со оглед на тоа што луѓето во овој период од животот најчесто се и физички помалку активни, дневно им требаат 600 калории помалку“, објаснува германската нутриционистката Улрик Грохман, напоменувајќи дека луѓето од третата животна доба кои ќе продолжат со истите прехранбени навики, со текот на времето значително ќе ја зголемат тежината.

По 50-та година од животот, потребно е да се намали внесот на калории, но и да се воведат повеќе протеини во исхраната. Најдобри извори се пилешко, мисиркино месо и риба. Исто така, пожелно е да се консумира јогурт и кисело млеко во големи количини.

Наместо бел леб, пожелно е да се јаде оној од цело зрно, но треба да се ограничи количината и на овој производ.

„На организмот му треба еднаква количина на витамини и минерали, поради што постарите лица треба да консумираат храна богата со хранливи состојки, што значи дека пожелно би било да се зголеми количината на зеленчук“

Прочитај

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Advertisement