Ријана и ЛВМХ заеднички донесоа одлука за привремено затворање на ready-to-wear брендот Фенти, беше објавено денес. Основана во 2019 година, за прв пат од 1987 година и Кристијан Лакроа, групата LVMH одлучи да основа нов бренд, првиот оригинален бренд во групата со жена како основач и црна жена на чело на брендот, fashion-истка што сите ја обожаваат – Рири. Бидејќи дизајнот беше еден вид продолжение на личниот стил на Ријана, беше предвиден сензационален успех. Што тргна наопаку?
Додека некои додатоци како чевли и очила се продадоа добро, поскапите парчиња како тексас јакни за скоро 1.000 долари едноставно не стигнаа до публиката и не беа достапни за вообичаената клиентела која купува сè со потписот на Ријана. Но, тоа не е единствениот проблем. Поради пандемијата, водењето бизнис на далечина и производството на луксузни добра во Франција и Италија, стана преголем предизвик. Значи, брендот застанува засега, но велат тие, тоа не е конечна одлука и постои можност тој да продолжи и во (подобра) иднина.
Од друга страна, другите етикети на Ријана – Fenty Skin и Savage x Fenty се снаоѓаат одлично, па нема страв дека ова е последното што ќе го видиме од Рири. А можеби и албум, некогаш, наскоро?
