Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

The Weeknd остана верен на црвеното сако и на Super Bowl настапот – зошто е тоа толку посебно?

Настапот на полувремето во Суперболот беше различен од минатогодишните Џеј Ло и Шакира и порано Бијонсе и Колдплеј, Лејди Гага… За разлика од неговите колеги, The Weeknd не ја делеше сцената, но го искористи настапот како преглед на неговата досегашна кариера и настапи со неколку најголеми хитови.

Друга разлика беше фактот што немаше повеќе облоги и оскудни костуми, но тоа не значи дека неговата облека беше помалку „светкава“. Во духот на естетиката на која тој беше верен цела минатата година, промовирајќи го албумот After Hours, The Weeknd носеше црни панталони, кошула и тенка вратоврска, двобојни „creepers“ и неизбежната црвена јакна. Метју М. Вилијамс за Живанши е одговорен за ова елаборатно издание на препознатливата црвена јакна, извезена со кристали, а за да се изработи беа потребни дури 250 часа работа!

Целиот изглед е инспириран од 70-тите години на минатиот век, филмовите Fear and Loathing in Las Vegas и секако, Мајкл Џексон од фазата „Трилер“. Сценографијата потсетуваше на Лас Вегас, а на сцената доминираа двојниците на The Weeknd, танчери, лица завиткани во завои, според неговите видеа и јавни настапи изминатата година; коментар за холивудскиот начин на живот. Мноштвото идентични The Weekndови не придонесоа за различноста на сцената, но изгледаа прилично моќно.

Иако не се држеше до утврдените формули за вообичаените екстравагантни настапи на Суперболот кои вклучуваат неочекувани музички соработки и различни костуми ,The Weeknd успеа да го задржи вниманието на гледачите и да обезбеди шоу за паметење.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement