Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бредли Купер и Ирина Шајк работат како тим за својата ќерка Леа

„И Бредли и Ирина го сакаат најдоброто за својата ќерка Леа“, тврди извор на Entertainment Tonight.

Бредли Купер и Ирина Шајк одржуваат многу добри односи и по разделбата. Поранешната двојка има ќерка, тригодишната Леа де Сејн Шајк Купер, а според извештајот на Entertainment Tonight тие одржуваат многу пријателски односи и работат заедно најдобро што можат за доброто на нивната ќерка.

Извор на Entertainment Tonight наведува дека Бредли Купер и Ирина Шајк создале рутина и специфична програма во нивниот секојдневен живот со својата ќерка, која со почит ја следат. Според истиот извор, за Бредли Купер е приоритет и неговата ќерка и поранешната партнерка Ирина да бидат поврзани. „И двајцата многу добро знаат што е добро за Леа и работат како тим за да и го понудат тоа.“

Бредли Купер неодамна даде интервју и, меѓу другото, сподели загриженост во врска со периодот на пандемија низ која поминуваме, притоа истакнувајќи дека неговата цел е да ги одржува здрави својата ќерка и мајка. “Јас сум со ќерка ми, мајка ми и моите две кучиња и воопшто не сме ја напуштиле куќата. Мајка ми има 80 години, па затоа не дозволувам никој да излегува или да доаѓа во нашата куќа”.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement