Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

5 јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ослабете: Храна што можете да јадете без грижа на совест

5 намирници кои се богати со јаглени хидрати и помагаат при слабеење!

Во многу строги диети и режими, јаглехидратите се елиминираат целосно, но тоа е „нездрава“ заблуда и рестриктивен начин на исхрана.

Присуството на јаглехидрати во исхраната е подеднакво важно за нормално функционирање на организмот, за енергија и одржување на општата здравствена состојба.

Елиминирајте ја брзата храна и преработените јаглехидрати и шеќери од вашата диета, кои предизвикуваат таложење на масни наслаги и наместо тоа, внесете здрави јаглехидрати во вашата диета кои позитивно ќе влијаат на вашето здравје и ќе ви помогнат да изгубите тежина, да бидете слаби и здрави.

Еве 5 намирници богати со јаглени хидрати кои би требало да ги имате во вашата исхрана:

1. ПЧЕНКА

Важно е дека тоа е органска и свежа пченка што се готви и се пече без масло и без премногу сол. Избегнувајте пченка од конзерва бидејќи често содржи дополнителна сол и шеќер. Пченката е богата со здрави јаглехидрати, влакна, јод, фосфор, магнезиум и калциум и железо.

2. БОРАНИЈА

Здрава и нискокалорична вечера која содржи јаглени хидрати, и најдобро ќе го забрза метаболизмот – боранија. Содржи мал број на калории, но изобилува со растителни влакна кои ќе ве заситат, но и позитивно влијаат на дигестивниот систем. Исто така, содржи бројни витамини и минерали.

3. ТЕСТЕНИНИ ОД ТВРДА ПЧЕНИЦА

Овој вид тестенини нема да ја загрози вашата линија, но бидете внимателни со сосот. Користете сосови без многу масло и шеќер, како што се свежо исцедени домати, сос од босилек или соја со посно месо, како што се органско пилешко и зеленчук.

4. НАУТ (леблебија)

Недостаток на влакна во организмот негативно влијае на дигестивниот систем, а наутот секако е храна што ќе му обезбеди на вашето тело доволна доза на растителни влакна и растителни протеини. Леблебијата содржи голем број сложени јаглехидрати кои се здрави, како и манган.

5. ПЕЧУРКИ

Печурките содржат протеини, јаглехидрати и бројни антиоксиданти кои ги неутрализираат негативните ефекти на слободните радикали. Со цел нашето тело добро да ги апсорбира хранливите материи од печурките, комбинирајте ги со месо или житни култури.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement