Некои луѓе едноставно имаат повеќе среќа во животот од другите, а тоа е на некој начин поврзано со Зодијакот. Дознајте подолу кои знаци се родени под среќната sвезда!
Овен
Иако владејачката планета на Овен е Марс, кој е бог на војната, тоа не значи дека тие го поминуваат својот живот во борба. Всушност, на луѓето Овни им е судено да ја добиваат секоја битка. Тие се паметни, мотивирани и артикулирани, а нивната среќа е повеќе одраз на нивната силна личност отколку среќата што ви доаѓа како благослов од ѕвездите.
Бик
Животот се чини дека секогаш има некое изненадување што ги чека Биковите зад аголот. Иако сигурно се чувствуваат несреќни, самиот факт дека се уште се тука, дека преживеале и ги надминале сите тешкотии што им ги донел животот, е доказ дека не им треба среќа – само многу здрав разум и снаодливост и така тие ќе можат да ги надминат сите животни предизвици.
Близнаци
Близнаците не спаѓаат во оние среќниците. Всушност, нивните животи се исполнети со бесконечни предизвици и пречки и затоа среќата е чувството по кое копнеат. Сепак, добрата вест е дека нивната желба и страст за знаење ги водат подалеку од точката до која само среќата ќе ги донесе. Кому му треба среќата кога се има толку голем ум?
Рак
Тоа е еден од ретките знаци што е навистина благословен. Иако нивниот пат секогаш ќе биде поплочен со предизвици, тие имаат вродено чувство за насока и вредност – што благодарение на нивните среќни sвезди, секогаш успеваат да ги насочат во вистинската насока.
Лав
Тие се многу мудри и решени, така што не треба да се грижат дали среќата ги придружува или не. Нивниот живот е како глина, и тие се скулптори, подготвени да ја обликуваат својата судбина во сè што сакаат. Заборавете на детелината со четири лисја, тие можат да добијат сè што сакаат со свои напори.
Девица
Среќата отсекогаш била над нивно разбирање и тие веројатно се навикнати на тоа чувство на разочарување. Иако може да изгледа нефер што нивниот живот е потежок од другите, постои причина за нивниот недостаток на среќа – Девиците имаат најсилни „рамена“ во Зодијакот. Тука сте да искусите потешкотии и да научите да се справувате со нив, а потоа да му покажете на светот што е потребно за да се надминат. На тој начин, вие сте личност од која другите учат и многумина се среќни што ве познаваат.
Вага
Не е тајна дека тие се вечни оптимисти, а животот често оди точно како што посакува Вагата. Ако некогаш сте се запрашале како секогаш се „извлекувате за влакно“ кога имате лош ден, сето тоа има врска со вашата перцепција. Заблагодарете се на вашата владејачка планета Венера што мислите дека чашата е половина полна, што прави да се чувствувате прилично среќни во животот.
Шкорпија
Иако имаат тенденција да забележуваат негативни работи во животот, вистината е дека тие всушност се прилично среќни. Кога ќе вложат макар и малку напор во она што го сакаат, животот ќе им го послужи на чинија. Многумина не можат да го контролираат „својот брод“ толку брзо и лесно како Шкорпиите и затоа овој знак може да се смета за доста среќен.
Стрелец
Честитки, ако сте Стрелец тогаш сте еден од најсреќните знаци во целиот Зодијак. Ваш владетел е Јупитер, планетата на среќата – и затоа е како да ви се служи лимонада секогаш кога животот ќе ви донесе лимони на вашиот пат. Ова не значи дека нема да има предизвици, но значи дека никогаш нема да останете без решенија.
Јарец
Иако нивниот знак се карактеризира како лидер во Зодијакот и тие први се соочуваат со пречки и тешкотии, а потоа ги отстрануваат за другите, тие ќе сфатат дека секогаш се во можност тоа да го направат со релативна леснотија. Сè додека се ментално и емоционално вклучени во сè што прават, тие ќе имаат доволно среќа да ја достигнат својата цел.
Водолија
Водолијата заслужува голема, пријатна прегратка – затоа што, да се разбереме, го извадија пократкиот стап кога е во прашање среќата. Додека животот никогаш не бил чесен кон нив, тие секогаш успевале да ја „држат главата над вода“, дури и кога им се чинело дека можат да се удават од целата несреќа што им се случила на патот.
Риба
Среќната планета Јупитер некогаш владееше со вашиот знак. Иако Нептун, планетата на инспирацијата и психичките способности, е моментален владетел на Рибите, Јупитер како „одамна изгубен татко“ има влијание врз вас. Ова значи дека вие не само што сте среќни, туку имате и две планети кои го водат вашиот живот кон среќата.
