Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Intimissimi го слави денот на Вљубените со нова заводлива колекција

Посакуваната фатална привлечност се постигнува со материјали како што се еластичен тул и цветни дезени „тон-на-тон“.

Направени со љубов. Интимисими оваа година ја слави љубовта, особено онаа што ја имаме за нас самите. Интимисими верува дека она што се смета за заводливо е дефинирано пред се од сите жени и од сопственото гледиште за женственоста. Така, колекцијата на брендот за Денот на вљубените е дизајнирана да ги задоволи првенствено оние кои ќе ја носат со акцент на чипка и проѕирни текстури.

Посакуваната фатална привлечност се постигнува со материјали како што е еластичен тул, извезени со цветни дезени во ист тон. Темна и софистицирана, црна е бојата што Intimissimi ја предлага за боди со импресивни деколтеа, baby doll со симпатични машни, комплети долна облека составени од градници и класични гаќички.

Транспарентните и модерни текстури се основните детали на оваа колекција на долна облека, која е дизајнирана да нагласи различни форми на женско тело, облини кои се различни и убави на свој начин. Интересен и паметен дел од колекцијата наречена „Be My Valentine“ станува уште попосебен со употреба на зелена чипка, произведена од рециклирани влакна.

Елегантниот аранжман е дизајниран да ги истакне дизајните, кои стануваат уште попосебни со правилна употреба на осветлување: магични фрактури на виножито се создаваат со употреба на призми, со зачудувачки 3Д-ефекти. Трите комплети во колекцијата одразуваат три различни стилови на женственост, секој со свои уникатни карактеристики и личност, бидејќи постои само еден начин да се биде и да се чувствувате заводливо.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement