Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Веќе ги држиме ножиците во раце: Се заљубивме во овие шишки инспирирани од 70-тите

Секој пат кога сакаме промена (и да бидеме искрени, тоа е барем 5 пати на ден), се гледаме во огледало и се упатуваме кон косата. Боја, раст, прамени, должина, текстура … има многу работи што би ги смениле веднаш, а најчестата дилема е – шишки, да или не? Бидејќи шишките бараат посветеност и одржување; прашањето е дали сме подготвени за таков вид обврска. И што ако се покаже дека тие навистина не ни одговараат?
Затоа бевме воодушевени од фризурата на инфлуенсерката Матилда Џерф, а сличен стил носат и шминкерката Кети Џејн Хјуз и мега популарната Џенифер Лопез. Слоевити, полу-долги шишки што непречено се мешаат со долги кадрици, врамувајќи го лицето и создавајќи впечаток на разиграност и волумен.

Прославени од Фара Фасет и Брижит Бардо во 1970-тите, ги носеше и Голди Хоун, а Џулија Робертс покажа како изгледаат на кадрава коса.

И како изгледа 2021 година? Секси и неодолива. Во прилог ви приложуваме неколку фотографии како пример што може да ѝ го покажете на вашата фризерка.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement