Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џенифер Лопез: Чизми до глужд што ќе владеат со нашите улици за неколку недели

Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез го користат секој слободен момент за романтичен состанок заедно. Парот се упатил на ручек во познатиот ресторан Белини во Мајами.

Иако Џенифер многу внимава на својата диета и, според сопственото признание, се одрекува од многу гастрономски задоволства, таа сепак реши да се препушти на уживањето во италијанските специјалитети по кои е познат овој ресторан.

Латино дивата избра една (според нејзините стандарди) лежерна комбинација за излегување. Кафеавата долчевита ја искомбинира со искинати (парталави) фармерки, топло палто од волна и голема елегантна црна чанта.

На нозете имала чизми до глужд во каубојски стил, кои веќе се објавени во многу модни списанија, вклучително и Вог, како еден од најпопуларните модели на чизми до глужд за претстојната пролетна сезона.

„Каубојки“ се исто така популарни кај нас, а локалните љубители на модата особено сакаат да ги комбинираат со лелеави фустани со средна форма. Нема сомнение дека и оваа пролет ќе бидат извадени од плакарот, па повторно ќе ги завземат нашите улици.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement