Дали има нешто поубаво од растопеното чоколадо? Сигурно дека има, но додека размислувате за врел десерт, нас, ништо друго не ни паѓа на ум…
Ако сакате брзо да ги надоместите изгубените калории или очајно имате желба да јадете нешто слатко – пробајте мали чоколатца во смеса за палачинки. Подготовката не бара многу филозофија. Направете ја смесата што вообичаено ја правите за палачинки, само погуста. Доколку сакате смесата да биде покомпактна, можете да додадете и прашок за пециво, а за арома тука се румот, ванилин шеќер и кора од портокал или лимон.
Изберете неколку мали чоколади според вкусот, и чувајте ги во фрижидер пред подготовка или ставете ги во замрзнувач еден час пред подготовката. Можете да ги исечете на помали парчиња за да добиете топчиња или да ги прекршите со помош на рацете, без да размислувате премногу.
Ражни или чепкалки за заби се практична алатка што можете да ја користите за полесно обложување со смесата. Доколку е потребно, скратете ги стапчињата, прободете ги чоколадите и превртете ја смесата од сите страни. Ако сакате малку да „закомплицирате“ со десертот, додадете сладолед од ванила, мелени ореви и шлаг.
Состојки за пржени чоколади:
1 јајце
200 мл млеко
200 мл минерална вода
8 лажици обично брашно
малку сол
чоколади по ваш избор (Сникерс, Баунти, Марс)
масло за пржење
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата, потоа додадете го млекото и комбинирајте ја смесата.
2. Во посебен сад измешајте ги брашното и солта и постепено додавајте ги млекото и јајцата додека не добиете мазна густа смеса за палачинки.
3. Загрејте го маслото во тенџере или длабока тава на 175 ° С.
4. Натопете ги чоколадите во смесата и пржете околу две до три минути.
5. Внимателно ги вадите со помош на метална лажица или фаталка и добро цедите на кујнска хартија.
