Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Анџелина Џоли за прв пат дозволи камера во својот дом и конечно проговори за разводот

Една од најубавите жени во светот, Анџелина Џоли (45) води затскриен живот, ретко глуми, па дури и поретко дава интервјуа за медиуми, особено затоа што започнала постапка за развод од Бред Пит (57) во 2016 година. Двојката помина 12 години во врска и две години во брак заедно, имаат заедно шест деца, а откако и заврши нивната врска, актерката се споменува во медиумите главно низ призмата и шпекулациите за бракоразводната парница.

Анџелина позираше на насловната страница на британскиот Вог за март, кој ќе се најде во продажба на 5 февруари. Покрај тоа што отворено зборуваше за нејзината врска со децата, таа му дозволи и на фотографот Крег МекДин да фотографира дел од нивниот дом.

“Седењето сепак никогаш не било добро за мене. Иако отсекогаш сакав да имам многу деца, се замислував како Џејн Гудал, која исто така патува низ џунглата, никогаш не го замислував тоа на традиционален начин. Се чувствувам како да ми недостасуваат сите вештини за да бидам традиционална мајка која е секогаш дома. Се снаоѓам затоа што моите деца се прилично издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа“, опиша Анџелина.

Актерката со поранешниот партнер Бред Пит има 19-годишен син Медокс, 17-годишен Пакс, 16-годишна Захара, 14-годишна Шило и 12-годишни близначки Вивиен и Нокс.

Позитивно кон иднината

Џоли откри дека инсистира на позитивно гледање на иднината, иако призна дека не знае дали во моментот е целосно среќна.

„Изминатите неколку години беа доста тешки. Јас се фокусирав на заздравување на нашето семејство. Крвта што се топи како мраз полека се враќа во моето тело. Се радувам на педесеттите години и се чувствувам како да одам чекор понапред. Иако, пред некој ден бевме на трамболина и децата ме предупредија дека треба да внимавам да не повредам и си помислив: „Боже, колку е смешно тоа?“ Јас бев акциона актерка, а сега децата ми говорат да се симнам од трамболината затоа што ќе се повредам“, се пошегува актерка.

Насловната и едиторијалот беа фотографирани во вилата на Анџелина во Лос Анџелес во вредност од 25 милиони долари. Џоли изгледа фантастично на фотографиите, особено што последниве години можеше да се види само во секојдневна облека во која шета со своето семејство или прави шопинг.

Поранешната фатална убавица призна дека по разводот била сама, но се чини дека ништо не и недостасува. „Среќна сум што во нашиот дом има различни култури и сите учиме едни од други“, заклучи Анџелина Џоли.

Прочитај

Green Tea

Во текот на летото, телото губи повеќе течности поради високите температури и зголеменото потење, па затоа е важно да останете хидрирани. Иако пиењето доволно...

Four Seasons

Патувањето низ Европа не мора да чини богатство. Многу луѓе мислат дека треба да потрошите богатство за да посетите европски градови, но со добро...

____celebrity

Познатиот холивудски пар го помина викендот во Монако на трката во Формула 1, а заедничката фотографија од јахтата покажа дека нивната љубов не згаснала...

Green Tea

Еве како да отстраните мувла од ѕид. Мувлата на ѕидовите е чест проблем во многу домаќинства, особено поради влага, лоша вентилација, пукнатини во ѕидовите...

Advertisement