Комбинацијата на овие состојки има корисен ефект врз организмот…
Силниот имунитет сега е приоритет и најдобро е да се зајакне организмот со природни пијалоци. Најдовме рецепт за чај кој се прави лесно и брзо. Сите состојки од кои е направен влијаат на имунитетот и здравјето.
Еве што треба да подготвите:
Вода
Корен од ѓумбир
Цимет
Мед
Jаболков оцет
Лимон
Подготовка:
Излупете парче ѓумбир со големина од околу пет сантиметри, исечете го на парчиња.
Ставете го во шерпа со 800 милилитри вода и лажичка цимет, оставете го да зоврие, тргнете го од оган и оставете околу десет минути.
Исцедете, изладете и измешајте две лажици јаболков оцет, три лажици мед и сок од еден лимон.
Пијте по две чаши секој ден.
