Откако Марија Грација Чиури ја презеде позицијата креативна директорка на женските колекции на Диор во 2016 година, таа постави правило за работа со жени фотографи.
Нивните слики ја формираа основата на книгата Her Dior: Maria Grazia Chiuri’s New Voice, издадена од Рицоли.
На насловната страница е фотографијата на Брижит Нидермаер која прикажува маица од првата колекција на Чиури за француската модна куќа со слоганот „Сите мора да бидеме феминистки“.
.jpg)
Книгата содржи вкупно 33 фотографии од Кас Брд, Нан Голдин, Кетрин Џеб, Брижит Лакомб, Шејла Мецнер, Кристин-Ли Мулман, Сара Мун, Бетина Римс, Вивијан Сасен и Харли Веир.
.jpg)
Книгата со тврд повез на 240 страници треба да излезе на 8 март, Меѓународниот ден на жената, за 95 американски долари.
Заедно со колор и црно-бели фотографии, во книгата ќе има и изјави од уметници кои работеле со дизајнерот на изложби и писти, вклучително и Џуди Чикаго, Маринела Сенаторе и Томазо Бинга.
.jpg)
