Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Идеалниот број на сексуални партнери: Резултатите од истражувањата ќе ве изненадат

Истражувањето спроведено од британската страница за запознавање IllicitEncounters.com вклучувало 1.000 мажи и 1.000 жени, а се покажало дека 52 проценти од испитаниците сметаат дека тој број треба да биде 13.

Според податоците, некои може да го отфрлат фактот дека другата половина имала повеќе од 18 сексуални партнери, со што се согласуваат 73% од испитаниците. Некои се чини дека тоа го гледаат како знак дека некој може да биде неверен, што не мора да биде поврзано.

Податоците исто така покажаа дека 67% од жените лажат за бројот на нивните сексуални партнери, во споредба со само 13% од мажите. Ова би можело да биде затоа што жените се повнимателни во споделувањето на своите интимни потфати за да изгледаат поконзервативни кон спротивниот пол, пренесува Daily Star.

Дури 77% од мажите рекле дека би спиеле со некого на прв состанок доколку има хемија, во споредба со само 39% од жените.

Повеќето не сакаат да ја знаат сексуалната историја на нивниот партнер

Интересно е што повеќе мажи (59%) отколку жени (46%) сметаат дека голем број на сексуални партнери прават некого помалку пожелен, што сугерира дека сè уште постои социјална стигма во однос на перцепцијата на промискуитет меѓу половите.

Според тоа истражување, само 31% од мажите и жените сакаат да ја знаат сексуалната историја на својот партнер, што укажува на тоа дека луѓето повеќе не би сакале да се занимаваат со своите чувства во врска со прашањето, особено ако не им се допаѓа одговорот.

Секс експертката Џесика Леони вели дека голем број сексуални партнери одбиваат многумина затоа што никој не сака да биде само уште еден во низата. „Исто така, не сакате да излегувате со некој што едвај има искуство …“

„13 партнери се идеална бројка и гарантира дека ќе завршите во кревет со некој искусен, авантуристички и отворен“.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement