Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Луксузна вила на грчкиот остров Серифос

Сместена во скриен карпест залив на островот Серифос, модерна куќа, која наликува на луксузна пештера, едноставно воодушевува…

Со силни северни ветрови, потребно e засолниште кое нуди заштита од нив, што ги натера архитектите (Mold Architects) да се создаде оваа вила на падината на земјата, наместо на неа. nCaved вилата е дизајнирана како правоаголна мрежа на падината, создавајќи тродимензионална „шаховска табла“, која се состои од празнини и исполнети простори, кои всушност ги претставуваат просториите и терасите.

Едната страна од куќата е исфрлена од падината, за да се добие прекрасен поглед на морето. Каменот се користел за создавање на долги линеарни sидови, кои исто така го насочуваат нашето внимание кон прекрасната надворешност. И додека надолжните sидови се цврсти и отпорни, попречните фасади се далеку полесни, бидејќи се направени од стакло.

Предниот дел на куќата е отворен, откривајќи поглед на морето подолу, додека прозорците од спротивната страна се отвораат кон затворените градини, што го промовира протокот на свеж воздух и продирањето на природната светлина во внатрешноста. Отворено лебдечко скалило во внатрешноста ги поврзува двата ката, додека од надворешната страна може да се пристапи до сите нивоа.

Спалните соби имаат лизгачки стаклени врати кои го врамуваат погледот, што може да се ужива дури и од креветот. Затворените градини се однесуваат како светлосни бунари, дозволувајќи им на природната светлина да навлезе во повеќе скриените простории на пониските нивоа.

Изградбата на овој проект започна во 2018 година и заврши минатата година, додека целиот процес може да се види на видеото подолу:

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement