Ерата на домашна облека заврши, за што сведочат бројни нови колекции на дизајнери, а меѓу нив е и Либанецот Ели Саб, кого обожаваат славни дами ширум светот.
Кариерата на овој мајстор е полна со прекрасни вечерни фустани, но и дневни комбинации за деловни жени кои ја ценат дискрецијата на беж нијансите.
Ноќната приказна е нешто поразлична, тука Ели Саб предлага златни тонови во варијанта на набори.
Тој исто така ја обработи темата тул – тој предлага слатки фустани со дезен.
Црн костум посеан со светки е совршен за забава од секаков вид …
Црвеното е неизбежно, заедно со романтични машни, мини здолништа и високи чизми …
Нежните линии и темите во црна боја се креации со украси од пердуви …
Наметката како симбол на моќ и елеганција во новата колекција на славниот дизајнер има силен зелен тон и неверојатно ефикасен изглед …
Дали ви се допаѓаат новите креации на либанскиот моден волшебник?
