Инфлуенсерот Вејн Линекер (58), брат на поранешниот славен англиски фудбалер Гери Линекер, откри дека никогаш во животот не излегол со жена постара од 30 години.
Вејн (58), кој учествува во реалното шоу „Celebs go Dating“, во разговор со неговиот колега Том Занети разговарал за девојката Карли, која му паднала во очи, но тој признал дека му пречат нејзините години.
“На крајот на краиштата, таа има 31 година, брат. Никогаш во животот не сум се дружел со девојка над 30 години”, рече тој вознемирено.
Исто така, Вејн го привлече вниманието на јавноста кога објави бизарна листа на барања за идната девојка.
