Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кога станува збор за модата, оваа жена никогаш не греши: 6 модни заповеди Амал Клуни!

Амал Клуни (42) се најде во центарот на вниманието стапувајќи во брак со Џорџ Клуни, и за кратко време стана пример за многу жени ширум светот. Таа е образована, амбициозна и успешна жена. Освен тоа, нејзиниот стил е беспрекорен. Амал многу добро ги знае сите модни правила и што е во тренд. Ова се 6-те модни заповеди што треба да ги усвојат сите жени.

Кога станува збор за модата, Амал строго ги следи овие правила:

Правило 1: Секогаш бирајте фустани кои ви ласкаат на обликот на телото

Не водете се од трендовите, туку изберете ја гардеробата што најмногу одговара на вашата градба. Амал сака да носи фустани и се чувствува најдобро во нив, но никогаш не би носела нешто по секоја цена само затоа што е „ин“.

Правило 2: Секогаш усогласете ја бојата на чевлите и фустанот

Таа скоро секогаш го почитува ова правило и вели дека можноста за грешки е минимизирана.

Правило 3: Инвестирајте во квалитетен капут

Амал е сигурна дека секоја жена во гардероберот мора да има барем еден модел на добро скроен капут. Таа предлага капут во светла боја што ќе го направи секој стајлинг поинтересен.

Правило 4: Во некои прилики потпетиците не се добар избор

Поголемиот дел од времето го поминува во судницата и е претежно во високи потпетици, но вели дека тие понекогаш не се најдобрата опција. Кога не е на суд, со задоволство се одлучува за рамни и удобни чевли. “Не носите потпетици по секоја цена. Жената може да изгледа одлично во рамни чевли, а во некои прилики е едноставно несоодветно да се носат”.

Правило 5: Помалку е повеќе

Таа сака додатоци, но никогаш не претерува. Верува дека едно парче накит е доволно за да се комплетира секоја облека.

Правило 6: Големо ДА за посмели комбинации

Кога излегува, нејзиниот стил е малку посмел. Таа сака да ја покажува својата витка фигура, но со соодветна мерка. Говори дека нема ништо против пократки маици и фустани, се додека тоа не оди подалеку од пристојноста.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement