Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кира Најтли ќе одбие да снима интимни сцени во режија на мажи

Нов пристап на актерката!

Кира Најтли најави дека ќе го промени својот став кон експлицитните сцени во филмот. Според неа, повеќе нема да глуми во сексуални сцени, во случај да ги режираат мажи. За тоа говорела во подкаст изданието Chanel Connects.

„Нема целосно да си забранам работа од ваков вид, но нè сакам да бидам дел од таа приказна во случај мажите да се занимаваат со тоа. Тие често снимаат морничави сцени со секс само за да изгледа некому привлечно. Не ме интересира тоа“, изјави актерката.

Овој став се должи на фактот дека таа повеќе не сака да помага во промовирање на машкиот поглед на женската убавина и сексуалност. Речиси целата историја на современото кино се заснова на прикажување на светот преку очите на хетеросексуалните мажи – претставниците на феминистичкото движење сега активно се борат против тоа.

Кира Најтли реши да ги поддржи во овој тежок потфат. Таа, исто така ,додаде дека, според нејзиното мислење, жените режисери се оние кои треба да раскажуваат приказни поврзани со мајчинството, прифаќањето на самите себе, на нивниот изглед и на своето тело.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement