Париската модна недела ќе се одржи целосно дигитално, по одлуката на париската полиција да го забрани присуството на јавноста на модни настани. Во тој контекст, Валентино најави дека дигитално ќе ја открие својата модна колекција на 26 јануари.
Презентацијата на колекцијата, која ќе се вика „Code Temporal“, ја претставува соработката на Пјерпаоло Пичиоли со британскиот уметник, музичар и текстописец Роберт Дел Нај, поранешен член на групата Massive Attack.
Пичиоли за својата ревија го избра Салонот Гранде на галеријата Колона во Рим, зграда со барокна архитектура која датира од 14 век.
Куќата ќе претстави филм создаден од Дел Наја. Уметникот ги снимал различните фази на подготовка на колекцијата и ги монтирал овие клипови на машина која користи алгоритми и која е креација на Дел Наја и неговиот соработник, уметникот Марио Клингеман.
Пјерпаоло Пичиоли, исто така, дигитално ја претстави модната колекција „Валентино есен 2020“ минатиот јули, со настап во живо од студиото Цинецита ван Рим, во соработка со тогашниот фотограф и снимател Ник Најт.
