Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Пролет во Париз – Нова Jimmy Choo кампања

Новата кампања нè воведува во нови луксузни силуети, како што се чантата Madeline и чевлите Sae 90…

Најновата кампања на Jimmy Choo ја слави претстојната пролетна сезона. Позната по своите безвременски модни додатоци, чанти и чевли, британската модна куќа претстави нови креации, кои ги претстави Шарон Алекси.

„Енергија, движење и самодоверба со храбар дух. Токму тоа претставува пролетта за мене, а Шерон е совршено олицетворение на оние живописни квалитети, кои се во основата на женските вредности на Jimmy Choo“, изјави Сандра Чои, креативен директор на брендот.

Духот на Алекса полн со самодоверба и младешка енергија е прикажан преку објективот на Тим Елкаим. Снимена во Париз, кампањата ни покажува бела чанта Медлин нагласена со сребрена метална спојка. Покрај тоа, можеме да ја видиме и торбата Bon Bon во две различни димензии, со различни бои како што се Fuchsia, Blush Satin и Ivory Satin. Кога станува збор за обувки, впечатливи стилови вклучуваат чевли Sae 90 и Matty 85, како и чизми Basette Flat и Beren 85.

Филмот што ја придружува кампањата можете да го погледнете подолу, а исто така треба да знаете дека сите парчиња од колекцијата се сега достапни за купување, со цени од 210 до 3450 долари.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement