Поранешниот супермодел очигледно добро се снаоѓа и за време на изолацијата. Иако нема класични емисии поради пандемијата на коронавирусот, Хелена им приреди вистинско „жешко“ шоу на своите верни следбеници на Инстаграм во нејзината куќа во Катскилс, Њујорк.
Таа позираше во „винтиџ“ облека со својот потпис и покажа дека сè уште изгледа беспрекорно.
“Растењето во Данска дефинитивно ми даде чувство на самодоверба. Научив како природно да му пристапам на моето тело. Данците не кријат ништо, така што никогаш не сум имала проблем да ја покажам убавината на женското тело, тело кое дава живот, тело што е чудо само по себе. Јас го гледам тоа од уметничка гледна точка. А што се однесува до мојот стил на облекување, го носам она што ме прави среќна, и што ќе кажат другите за мојата гардероба, не ми е гајле”, рече Хелена Кристенсен во неодамнешното интервју, пренесува Дејли меил.
