Времето е променливо, еден час е ледено, па друг дува јужен ветар, а пролетта е зад аголот (или барем така се тешиме). Но, едно парче облека е одлично да се носи во сите услови: oversized блејзер. Со мала карирана шема (како на Џиџи) или црна со скоро незабележливи ленти (како на Бела), ова парче може да се носи во безброј комбинации: преку качулка и маица, до фармерки, пофини панталони, пократок фустан, хеланки, џемпер, кошула…


Посакуваниот предмет што го носат сестрите Хадид е марката 3.Paradis и неговата цена е скоро илјада долари, па затоа ја истражувавме сегашната понуда и откривме неколку поевтини парчиња.
e.










