Златната девојка од Холивуд и омилената актерска легенда на сите, Бети Вајт, денес полни 99 години. Зад себе има блескава кариера и повеќе од 120 улоги и вели дека планира да глуми уште долго време.
За време на нејзиниот живот, таа се здоби со статус на американско национално богатство, а публиката ширум планетата може да ги изрецитира нејзините легендарни реченици од серии како „Златни девојки“ и „Луди во Кливленд“.
Одлучивме да ги споделиме со вас најпознатите и најдуховити изјави на познатата актерка:
- „Луѓето често ме прашуваат: Што сè уште не сте направиле во овој бизнис, а секогаш сте сакале? Мојот одговор е секогаш ист – Роберт Редфорд.“
Покрај големиот талент и остар ум, Бети е позната и по својата неверојатна животна приказна. Првпат се појави на телевизија на само 16 години, кога ја изведе песната „Веселата вдовица“. Кога избувнала Втората светска војна, таа била принудена да се запише во служба на американски волонтери. Својата сериозна кариера ја започна дури по 1945 година – започна како водителка.
- „Секогаш ме привлекуваа постари мажи. Сепак, има еден проблем – не останаа многу на моја возраст!“
- „Убавината бара осум часа сон. Девет – ако сте навистина грди.“
- „Моите пријатели ме убедија да направам Фејсбук. Тие ми рекоа дека е добра работа да се поврзам со стари пријатели од мојата младост. Морав да им кажам дека не ми треба Фејсбук за да се поврзам со старите пријатели, туку табла за повикување духови.“
- „Мислам дека вотката сепак е своевидно хоби!“
Бети веќе влезе во историјата на киното. Официјално е актерка со најдолга кариера. Во 2014 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како актерка со најдолга кариера – тогаш имаше поминато 82 години на екранот. Таа сепак гордо ја носи оваа титула.
- „Можам да кажам дека сум луда кога станува збор за здравјето. Омилена храна ми е помфрит и виршли. А што е со вежбањето – живеам во куќа која има два ката и страшно заборавам, па постојано морам да се качувам и да се спуштам по скалите.“
- „Јас навистина обожавам деца. Единствениот проблем е што децата секогаш прераснуваат во луѓе. Сепак, јас ги сакам животните повеќе од луѓето.“
- „Мажите отсекогаш биле хоби за мене, иако не го знаат тоа!“
- „Гравитацијата го прави своето и не можам да влијаам на тоа. Единствениот проблем со пластичната хирургија е што на некои настани честопати се случува да сретнам стари пријатели и да не ги препознавам. Го препознавам само нивниот глас, но има ново лице што никогаш не сум го видела. Не очекувајте го тоа од мене.“
За време на нејзината кариера, Бети беше номинирана за дваесет Еми, од кои освои дури седум. Во 2009 година, благодарение на нејзината улога во „Ангажман“ на Сандра Булок, нејзината популарност вртоглаво се зголеми. Во 2011 година беше прогласена за најпопуларна и најсакана јавна личност во САД.
- „Зачудувачки ми е како, кога ќе влезете во одредени години, можете да се извлечете со убиство. без никој да забележи. Можеш да правиш што сакаш, а луѓето само ќе речат: јадна стара душа… Таа е… Знаете…“
- „Драги луѓе, уживајте во животот. Концентрирајте се на позитивното наместо на негативното. Знам дека звучи како клише, но јас сум во моите добри години – слушајте ме. Луѓето ќе бидат потажни отколку среќни. Верувајте ми, не е тешко да откриете добри работи околу вас, само ако погледнете малку подобро.“
