Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кога ќе се сетиме на вакви усни…Мејкап трендот од 90-тите доживува ренесанса

Видливи моливчиња за усни некогаш служеа првенствено како основа за кармин или сјај и алатка со која можеме визуелно да ја корегираме или истакнеме формата на усните. Првпат ги користеа flapper девојките пред сто години за да ја нацртаат тогаш посакуваната форма на усните, ја користеше и Џозефин Бејкер, а подоцна и холивудските убавици Рита Хејворт и Мерилин Монро.

Популарноста на темен лип лајнер во комбинација со посветол кармин повторно беше популаризирана од супермоделите во 90-тите години на минатиот век, а меѓу првите што ни паднаа на ум кога некој ќе спомене за цртање на усни е секако Гвен Стефани.

Како и многу други трендови на деведесеттите кои ја зазедоа модата и убавината во последно време, моливчињата за усни во пригушени нијанси на кафеава и боја на тула доживуваат вистинско заживување. Главни лидери на овој тренд секако се сестрите Кардашијан / Џенер, ЏејЛо, кои комбинираат моливи со основни сјаеви како и познати шминкери како Шарлот Тилбери. Но, за разлика од острите линии на деведесеттите, денес шминкерите и љубителите на модата претпочитаат моливи кои овозможуваат засенчување, со цел да се создаде впечаток на исполнетост и обем на усните.

Прочитај

Green Tea

Има повеќе витамин Ц од лимонот. Кивито е богато со витамин Ц, влакна и други хранливи материи, па затоа е вистинска витаминска бомба. Помага...

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Advertisement