Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Необична вила која се спојува со својот пејзаж

Кога избувна пожар во домот на Скот Фридман во Онтарио во 2017 година, тој и неговото семејство биле принудени да се евакуираат…

Штетата предизвикана за време на овој настан доведе до целосно обновување, што, како единствено добро на сите зла, му даде можност на Фридман да експериментира со иновативни пристапи кон дизајнот и да создаде ново луксузно семејно гнездо зад прекрасните камени sидови, опкружено со древни, „двеста години“ стари дабови. Фридман се одлучи за нешто понеконвенционално решение, компанијата Partisans од Торонто, за редизајн на неговиот простор од 416 м2, правејќи го совршено да одговара на едната страна од ридот на кој се наоѓа.

За да го направат новиот дизајн целосно прилагоден на теренот, дизајнерите на Partisans користеа технологија за 3Д скенирање за да го визуелизираат целиот проект, пред неговата изградба. Визијата се засноваше на создавање уникатна куќа, фокусирана на базенот сместен на левата страна, со долги, стаклени врати и прекрасни бели тавани од даб. На спротивниот дел од куќата, под големите параболни кривини на кровната конструкција, има надворешен павилјон што води кон неговиот главен дел од животот.

Покривот на новата куќа служи за поништување на границата помеѓу архитектурата и пејзажот, има прекрасни градини достапни преку челично скалило, вградени во неговите кривини. Создавајќи ги овие неверојатни брановидни сегменти, вработените од Partisans мораа да направат компромиси во одредени делови, во кои делови од кровната конструкција сега стануваат фасадни елементи и сето тоа го прават без да ги вознемируваат, за што беа потребни неверојатни напори и извонредна техника.

Куќата покрај базенот има три спални соби и четири бањи во главниот дел и е комплетно пријатна за петчлено семејство. Веднаш по изградбата, за жал стана главно скривалиште од пандемијата до Фридман и неговото семејство, па сопственикот, директорот и еден од основачите на компанијата New Skew, која се занимава со брендирање и развој на рецепти во индустријата за храна и пијалоци, честопати го користеа како лабораторија за неговите кулинарски експерименти.

Во рамките на куќата има зеленчукова градина, голем број пчелни кошници и кокошарник со кокошки, кои ги наследиле во земјата. Нормално, кујната е проширена во главниот процес на реновирање и сега ја удвојува својата функција како работилница на Фридман, каде што тој може да креира и вкуси нови рецепти, додека самата куќа стана вистински пример за модерен дизајн кој не застанува на патот на природата, дури и кога бара дополнителен напор. за негово реализирање и создавање.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement