Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сега сè е јасно: Џеј Ло конечно проговорила за естетски процедури и третманот со ботокс

Што мислите?

„Сега ми е преку глава“, започнала Инстаграм пренос во живо, 51-годишната латино дива Џенифер Лопез, која се налути откако еден следбеник и напишал под фотографијата што ја објавила на гореспоменатата социјална мрежа: „Сите сте од ботокс. Лесно е да изгледате така кога вашата клиника за естетска хирургија е вашиот втор дом. Вашите веѓи и чело воопшто не се движат кога зборувате или се обидувате да искажете израз … дефинитивно имате ботокс. Еден тон ботокс. И се е во ред, само велам“.

„Тоа е исклучиво моето лице !!! По петстотини милионити пат, никогаш не ставав ботокс и, никогаш да не сум била на инјекции или козметички операции. На крајот на краиштата, обидете се да го поминувате времето попозитивно и љубезно кон другите. Не трошете време обидувајќи се да ги саботирате другите или да ги направите да се чувствуваат лошо. Тоа е една од тајните што ќе ве одржи млади и убави“, додаде Џенифер.

Голем број следбеници застанаа во корист на познатата музичарка и актерка и го пофалија нејзиниот изглед. „Луѓето не можат да веруваат дека можете да имате здрав начин на живот и да се грижите за себе и да изгледате одлично. Тоа е можно“, напиша еден нејзин фан. „Не, таа не. Џеј Ло сè уште изгледаш исто. Таа е стопроцентна природна“, напиша следбеник. Инаку, Џен минатата година во интервју за списанието Elle откри дека во раните 20-ти години, нејзиното момче ја убедил да започне да користи ботокс за време на лекарски преглед. „Дали знаевте дека имате мала цртичка тука? Треба да ви инјектираме ботокс“, ми рече тогаш докторот. „Имав само 23 години. За среќа, никогаш не сакав игли, па затоа одбив. Денес сум пресреќен затоа што се прашувам како би изгледала сега ако правев третмани на 23 години? “, заклучи таа.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement