Ќерката на славната пејачка застана пред камерите за нова колекција на шарена облека потпишана од славниот британски дизајнер, а тоа се креации за вежбање и спорт.
Облеката за вежбање изгледа подобро од кога и да е, а доказ за тоа е и новата кампања на британската дизајнерка Стела Мекартни, на која работи во соработка со „Адидас“.

Авторката ѝ ја даде главната улога на ќерката на музичката легенда Мадона, 24-годишната Лурдес Леон.
Покрај креативната облека, Лурд носи и кул плетенки во боја што одговараат на онаа од облеката.

Во фокусот на кампањата се тесните креации за спорт, јога и слични активности, притоа истакнувајќи го мотивот во неколку бои, што прави сè да изгледа многу привлечно.
Стела обично работи со бои, нејзината работна облека изгледа извонредно, скоро како да е направена за урбано секојдневие.
