Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Карциномот му пресуди: еден од најпознатите илузионисти го загуби животот

Прво Рој Хорн и борбата против коронавирусот, а само неколку месеци подоцна Зигфрид Фишбахер и изгубената битка со ракот. За жал, тажна вест за поранешното волшебно дуо „Siegfried & Roy“. Родените Германци, кои воодушевија со своите трикови и настапи низ цела Америка, но и низ целиот свет, за жал, тие се спомен и сеќавања отсега натаму. Во период од 8 месеци, и двајцата починаа. Откако, пред неколку дена пристигна веста за болеста на 81-годишниот Зигфрид, сега веќе е објавено дека тој ја изгубил битката.

Тој почина во средата вечерта во неговата куќа во Лас Вегас, дознава неговиот агент во четвртокот. За жал, неговата состојба ја влоши вирусот КОВИД-19. Патем, овој 81-годишник неодамна бил подложен на 12-часовна операција, со што се отстранил малигниот тумор, во терминална фаза. Познатиот волшебник е пуштен од клиниката по сопствено барање и за него се грижат двајца вработени во хосписот.

Друга тага за него била што ги поминал последните денови сам. Поради сите ограничувања, посетите биле строго забранети. „Го спомнувам мојот брат во секоја молитва и сум многу поврзана со него“, рече Долоре, сестрата на Зигфрид, која живее во Минхен, далеку од нејзиниот брат.

Да потсетиме, „Siegfried i Roy“ ја започнаа својата кариера во 1967 година во Лас Вегас, додека во 80-тите станаа светски sвезди благодарение на нивните необични настапи. Белите тигри се нивниот заштитен знак и со нив настапуваа скоро секоја вечер од 1990 година во преполната сала во славниот казино-хотел Мираж, тогаш најголемиот во Лас Вегас.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement