Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Номадски живот: Еве како изгледа домот на една модна дизајнерка која живее на брод во Амстердам

Ако животот на брод на каналите во Амстердам ви звучи егзотично, ние мора да ве разочараме, но Жанин де Крун смета дека ова всушност е вистинска забава и се согласува да има „трајна адреса“. Имено, Жанин е сопственичка на брендот Zazi Vintage и поради својата работа патува во најоддалечените делови на планетата, од Таџикистан до реката Амазон, сè за да најде жени кои прават облека на традиционален начин. Кога пандемијата го освои светот, таа одлучи привремено да се закотви (буквално и фигуративно) во Амстердам за да биде блиска со семејството и пријателите. По 10 години постојано лутање низ светот, во рекламите видела како се изнајмува брод и не сакала да ја пропушти судбоносната можност.

Дрвениот брод првично датира од 70-тите години на минатиот век и како што вели Жанин, трикот е да се опреми, така што, и се чинеше како да е (засекогаш) на одмор. Таа го стори тоа со секое парче елемент во нејзиниот дом и ја раскажува приказната за некој оддалечен агол на планетата или спомен на многуте инспиративни жени што ги запознала досега. Она што веднаш го знаела е дека нејзиниот „потрајен“ дом ќе биде исполнет со боја, бидејќи Холандија е многу мрачна земја. Во дневната соба се одлучи за плишани тапацири во боја на малина, додека омилените модни креации ги закачи на розовите и црвените sидови, украсени со неверојатен вез. Тепихот во таа просторија е направен од мароканската иницијатива Лимала водена од нејзината пријателка Самира. Таа верува дека домот мора да биде исполнет со асоцијации што ќе предизвикаат раскажување на анегдоти. Затоа, таа внесе толку многу детали во ентериерот.

Жанин соработува со малиот женски колектив Ozara каде плетачите ткаат одредено значење во секој дел од ткаенината. На пример, тие шијат црни нишки на бела ткаенина за да ја претстават двојноста помеѓу светлите и темните аспекти на човечкото искуство. Ozara ја покрива софата во дневната соба, а Жанин вели дека се чувствува заштитено и блиско со жените ширум светот кога дремнува. Во спалната соба, големите ламби Elpelut се плетени рачно од мрежи за риболов, додека корпите со трска се дело на жени од Гана собрани во социјалната организација MMAA.

На нејзиниот брод нема уметнички дела во класична смисла на зборот, бидејќи Жанин вели дека потекнува од уметничко семејство и го исполнила својот дом со разни предмети што ги претворила во уметност давајќи им посебна улога. Така, има, на пример, цвет од Етиопија што го исушила или парчиња облека што се закачуваат каде и да најде погодно место. Оваа необична девојка има исто толку необични миленичиња: таа посвои две кокошки од блиското светилиште за птици, а пред бродот има мала градина што ја одржува додека кокошките одат по нејзините стапки. И бидејќи бродот е закотвен во чист дел од каналот, честопати денот започнува со утринско пливање во ледена вода. Оваа бестрашна девојка е вистинска инспирација!

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement