Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Сара Џесика Паркер откри зошто Саманта Џонс нема да биде во продолжението на серијата!

На општо задоволство на обожавателите на култната серија Сексот и градот, излезе тизер со најавата за новата сезона, кој ќе се прикажува на ХБО во десет епизоди.

Сепак, многумина беа разочарани од веста дека обожаваната Саманта Џонс, чиј лик го играше Ким Катрал, нема да ја има во продолжението.

Затоа многу фанови на Инстаграм ја прашаа Сара Џесика Паркер, која прва објави за продолжението на серијата, зошто беше избришан ликот на Саманта.

„Драго ни е што се враќаш, но ќе ни фали Саманта“, напиша еден обожавател, а Сара одговори: „Ќе ни недостасува и нас, многу ја сакаме“.

Познатата актерка продолжи да им одговара на обожавателите дека „Саманта секогаш ќе биде со нив“, а потоа, на коментарот за нејзината наводна расправија со Ким, таа одговори: „Не е точно дека не ја сакам Ким. Никогаш не го реков тоа. И никогаш не би, само не е дел од оваа приказна. Но, секогаш ќе биде дел од нас“, напиша Сара и застана тука со комуникацијата.

За „неволјите во рајот“ на снимањето на познатата серија, која заврши со емитувањето во 2004 година, започна да се зборува откако во киносалите излегоа два филма со ист тим „Сексот и градот“ и „Сексот и градот 2“.

Ким наводно се пожалила на „специјалниот третман“ што го имала Сара, иако сите актерки придонеле за успехот на серијата, а исто така и пречел и фактот дека Паркер заработувала повеќе од нејзините колеги. Исто така се шпекулираше дека Сара на снимањето е сè освен љубезна и симпатична како Кери што таа ја играше.

Во секој случај, за нејзиното отсуство од снимањето со екипата на „Сексот и градот“, Ким веќе нè подготви. Актерката во 2019 година изјави дека нема да се врати на снимањето со тимот од „Сексот и градот“, дури и ако има продолжение.

“Не доаѓа предвид. Учите разни лекции во животот, и научив дека сакам да работам со добри луѓе и да се обидувам да се забавувам”, изјави актерката, која засекогаш ќе остане весела во очите на обожавателите, Саманта Џонс.

Новата серија со веќе добро познати ликови ќе се вика „И токму така …“, според препознатливата реченица што Кери Бредшо често ја изговараше во серијата, и ќе ги следи животите на главните ликови кои сега имаат педесетти и се обидуваат да најдат баланс помеѓу љубовта , пријателски односи и кариери. Не чекаат десет епизоди, секоја од нив трае по половина час.

Мајкл Патрик Кинг, кој работеше и на оригиналната серија, ќе се најде во улога на извршен продуцент, а бројни детали сè уште не се познати. Така, не е познато кога новата серија ќе започне да се снима, и кога ќе биде прикажана, дали на веќе добро познатата екипа ќе и се придружат нови актери и дали „главниот човек“, г-дин Зверка, кој го игра Крис Нот, ќе се врати во серијата.

„Чекајте и видете“, им порача Сара Џесика Паркер на обожавателите.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement