Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дали вакцината за COVID-19 има несакани ефекти кај оние кои имаат филери за лице?

ФДА одобри непосредна употреба на вакцината КОВИД-19 минатиот месец. И покрај тоа што се смета за ефикасна против смртоносниот вирус, забележано е дека предизвикува неочекувани несакани ефекти кај оние кои имаат филери за лице.

Поточно, извештајот на ФДА наведува дека некои приматели кои претходно нанеле филери на лицето за време на втората доза на вакцината, почувствувале оток во областа на филерот. Сепак, треба да се напомене дека овие инциденти беа многу малку и дека несаканите ефекти може лесно да се решат. Поточно, од 30.000 лица кои примиле вакцина, само тројца ги имале овие несакани ефекти.

Лекарите претпоставуваат дека овој несакан ефект е имунолошки одговор, што значи дека може да биде доказ дека вакцината работи затоа што го активира имунолошкиот одговор на организмот и го препознава филерот како туѓо тело. „Оток е природен одговор на организмот кога се зајакнува имунолошкиот систем, што е главната цел на секоја вакцина, вклучувајќи ја и вакцината КОВИД-19“, вели д-р Самуел Лин, пластичен хирург и професор по хирургија на Медицинскиот факултет Харвард.

Овој тип на реакција, исто така, повремено се забележува кај приматели на вакцина против грип или во борба против вирусно заболување. Лекарите нагласуваат дека тоа не е причина за загриженост, бидејќи може лесно да се реши со антихистаминици.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement