Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Модели на торби кои најмногу ќе се носат оваа година

Ако сте голем сонувач како нас, веќе подготвивте долг список на резолуции за Нова Година. Без разлика дали вашите планови вклучуваат напредување во кариерата, стекнување нови пријатели или подобра и поздрава диета, знаеме дека нема да одите никаде без совршената чанта.

Зачекорете во 2021 година со вашиот нов асистент, познат и како „најжешката“ торба во сезоната. Ја поминавме изминатата година анализирајќи колекции, гледајќи луѓе и прелистувајќи ги нашите извори на Инстаграм за да откриеме врвни чанти достојни за вашата гардероба.

Вклучувајќи структурирани чанти за boss-girl изгледот, до модели кои се совршени за вечерни излегувања или одење во теретана – нашата листа има по нешто за секого.

  • Торба со реси – Со естетика од 70-тите, чантите со реси добиваат сѐ повеќе популарност оваа година.
  • Saddle bags – Вредноста на класиката е ненадмината и Saddle торбите го потврдуваат тоа.
  • Големи торби – Оваа година омилените торби треба да можат да соберат сѐ што ви треба и совршено да се вклопат со вашиот аутфит.
  • Хобо чанти – Од надградените култни „Jackie 1961“ Гучи торби до дебитантските и веќе популарни Клео на Прада, оваа година го цениме минимализмот и структурираната естетика.
  • Utility bags – без оглед на тоа дали станува збор за торба во вид на ремен кој потсетува на оној за алати, или футрола за вашиот термос, оваа година ваквите торби се задолжителни.
  • Неочекувани облици – Направете разлика со вложување во чанти кои досега не биле видени. Уникатноста лежи во единствени и неочекувани форми и дизајни!
  • Микро торби – Микро торбите ќе ја играат улогата на накит во вашите аутфити оваа година. Само носете ги преку торзото или закачени на ланци на врат.
  • Tie-dye торби – Меѓу најочекуваните трендови на 2020 е tie dye трендот, кој оваа година се пренесува на чантите.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement