Легендарниот Карл Лагерфелд, еден од најпознатите дизајнери на денешницата, почина на 19 февруари 2019 година, на 86-годишна возраст. Социјалните мрежи и медиумите сè уште се преплавени со сеќавања на овој енергичен човек кој работеше 36 години да ја направи француската модна куќа Шанел да остане недопирлива тврдина на луксуз и елеганција недопрена од сите минувачки трендови и промени во модната индустрија.
Кога ќе застанете и ќе размислите, дали можете да се сетите на дизајнерот кој остана во својата позиција толку долго во ова променливо модно време како германскиот дизајнер? И тоа во куќа што не го носи неговото име и која не ја основал.

Лагерфелд беше незаменлив во својата амбиција, креативност, желба и неисцрпна енергија со која креативно ги водеше Шанел, сопствената модна марка Карл Лагерфелд и италијанската модна куќа Фенди. Тој беше познат како брутално искрен човек, понекогаш на работ на навреда, па неговите изјави честопати ја разбрануваа јавноста и предизвикуваа остри реакции. Без влакна на јазикот, тој го критикуваше секој феномен што не би го сакал. Една од неговите легендарни изјави е дека „тренерката е знак на пораз на животот и дека луѓето што ја носат се откажале од себе“.

Подолу можете да прочитате уште неколку негови изјави што ќе ги паметиме засекогаш.
- “Сакам да се измислувам одново и одново. Тоа е дел од мојата работа”.
- „Не барајте одобрение кај другите ако сакате да останете психички стабилни“.
- “Мојата желба е секој да носи што сака и да го обликува на свој начин. Тоа значи да се биде модерен”.
- „Чувството на младост доаѓа од начин на живот, а не од датумот на раѓање“.
- “Јас сум многу приземјен. Едноставно не сум на оваа земја”.
- “Никогаш не кажувајте дека е ефтино. Денес, секој може да изгледа шик во облеката која не е скапа (а и богатите ја купуваат). Добар дизајн денес постои во секоја категорија, а вие можете да бидете најшик личност во просторијата во обични маици и фармерки”.
- „Никогаш не жртвувајте премногу за нешто, затоа што ако го направите тоа, нема да имате што повеќе да дадете и никој нема да се грижи за вас“.
- „Кога луѓето сакаат да бидат сакани за она што го прават, време е да престанат да го прават тоа“.
- „Модата оди напред, не живеејќи за паметење.
- „Уникатноста започнува таму каде што завршува споредбата.
- „Сакам да ги работам работите брзо затоа што ми е здодевно од сè.
- „Суетата е најздравата работа во животот“.
- „Она што најмногу го сакам во животот е – нов почеток“.
- „Промената е единствениот начин да се преживее.
- “Зошто би престанал да работам? Ако престанам, ќе умрам и сè е готово”.
- „Црно-белото секогаш изгледа модерно, што и да значи тој збор“.
