Празниците се најубавото време во годината, не само заради семејните дружења и времето поминато во мир и хармонија, туку и за деликатесите што ги има на менито. Новогодишните задоволства се замислени пред Нова година и ретко кој може да одолее и да остане на диетална чинија.
Ако деновиве главно се „засладувавте“ со руска салата и печено месо со кифлички, и не можевте да одбиете домашна торта – не грижете се! Имаме решение за вас!
Предлагаме смути за детоксикација што ќе ве натера да ги исчистите преостанатите токсини и да го забрзате метаболизмот.
Состојки:
Сок од еден лимон или лимета (зелен лимон)
Свеж ананас (околу 200гр)
Ѓумбир (изрендајте една лажичка)
2 чаши вода
Малку цимет
Лажичка мед
Неколку нане лисја
Исецкајте го ананасот на мали парчиња, ставете го во блендер со чаша сок од лимон, додадете ѓумбир, цимет, мед и малку вода, изблендирајте по желба, додадете пар лисја од нане за освежителна арома.
Лесно се прави, и е многу ефикасен за телото. Потребните состојки се богати со витамин Ц, го освежуваат организмот по празничната кулинарна еуфорија и се вистинска бомба на антиоксиданти.
