Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете во спектакуларниот пентхаус на Гал Гадот

Иако претходната година оставила горчлив вкус во јавноста, суперѕвездата и главна актерка на филмот Wonder Woman, Гал Гадот купи нов дом и го додаде во веќе богатото портфолио на недвижнини…

Во својата последна авантура, популарната актерка издвои пет милиони долари за стан покрај море, имотот што некогаш беше во сопственост на тајландски филантроп и поранешна Мис на универзумот, Буј Симон.

Пентхаусот со скоро 182 м2 има две спални и три бањи, додека неговиот двокатен ентериер е завршен со прекрасен неутрален декор, вклучувајќи дрвени подови во боја на жито и бели sидови, прелеани со многу природна светлина. Новиот стан на суперѕвездата има потоната дневна соба со голем камин и зачудувачки стаклени површини од подот до таванот, со цел, да ги истакне сите негови интригирачки карактеристики на дизајнот.

Другите области вклучуваат свечена трпезарија, кујнски простор опремен со висококвалитетни елементи и апарати за домаќинство, семејна соба со мек бел тепих и, се разбира, неверојатен поглед кон морето. Овој прекрасен стан се наоѓа недалеку од популарниот ресторан Нобу Малибу од Лери Елисон, заедно со уште три други малку помали единици во заеднички комплекс.

Кога станува збор за становите, Гадот, заедно со нејзиниот сопруг, поседува еден во Израел, како и имот од 5,6 милиони долари на холивудските ридови. Новата инвестиција во Малибу доаѓа како прекрасен нов додаток на нивниот возен парк.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement