Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Легендарниот водител што ги погреба своите две деца е хоспитализиран поради коронавирус

Со години имал здравствени проблеми, а минатата година ги изгубил и двете деца…

Кога човек ќе помисли дека работите не можат да станат полоши, се појавува вирусно зло од пандемија. Лари Кинг, еден од најпознатите телевизиски и радио водители, повторно загрижува илјадници фанови. Откако кон крајот на минатото лето за кратко време ги изгубил двете деца, 87-годишникот завршил во болница поради инфекција на коронавирус. Според Би-Би-Си, тој се наоѓа во болница во Лос Анџелес, каде што, наводно, бил повеќе од една недела. Деталите за неговата состојба не се познати во јавноста.

„Лари се бореше со повеќе здравствени проблеми во текот на изминатите неколку години, а се бори и со оваa, тој е херој“, изјави изворот за Си-Ен-Ен. Веста за хоспитализацијата ја започна порталот Шоубиз 411, кој на 1 јануари објави дека Лери се лекува во изолација и дека веќе некое време не го видел своето семејство. Инфекцијата со споменатиот вирус не е единствениот здравствен проблем со кој се соочувал водителот во последните неколку години. Имал неколку здравствени проблеми – како дијабетес, неколку срцеви удари и рак на белите дробови.

Да потсетиме, пред околу две години, тој бил итно пренесен во болницата каде што лекарите извеле ангиопластика, вградиле неколку стентови и успешно извршиле операција на запушена артерија. Лари го доживеал својот прв срцев удар уште во 1987 година, од кој успешно се опоравил. Иако со години имал проблеми со срцето, тој успевал да се опорави секој пат. Токму поради ова, многу загрижени обожаватели, пријатели и семејство веруваат дека Лери и овој пат ќе закрпне и ќе го поврати здравјето.

Со сето тоа, тој претрпел голема загуба минатата година. Имено, за само неколку недели ги изгубил двете деца, 51-годишната Шаја и 65-годишниот Енди. Како што напиша „Пипл“, неговата ќерка ја изгубила битката против злобната болест на рак на белите дробови во средината на август, додека Енди починал од последиците од срцев удар.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement