Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Лежерни парчиња облека кои ќе направат во текот на зимата да се чуствувате попријатно

Не е тајна дека е многу полесно да се сакаат летните денови искапени во сонцето, отколку незапирливата студена зима. Меѓутоа, ако не се плашите од зимата и нејзината прегратка, дури и кога паѓа снег и кога температурите стануваат ниски, сакате да останете на отворено, следниве редови се напишани за вас. Денес ви претставуваме лежерни комбинации на облека што ќе ве стоплат во студените зимски денови.

Термо долна облека
Термичката долна облека е секако пожелна во зимските месеци, и не само на скијачките патеки, туку и во градот. Овие парчиња облека обично се во неутрални бои како што се бела, црна или беж, што значи дека ќе ви биде лесно да ги измешате со останатите алишта. Благодарение на долна облека со термички ефект, секогаш ќе бидете совршено топли, а зимата ќе ви биде многу попривлечна.

Ролки
Бидејќи акцентот во зимата е ставен на слоевитост, ролките се едно од најпосакуваните парчиња. Може да го носите под маица, што е особено популарно оваа година, додека е многу интересно да се комбинира со фустани и други парчиња.

Топли ткаенини
Топлите материјали како волна и кашмир се совршени за студената зимска сезона. Додека тие ве загреваат доволно од една страна, од друга страна овозможуваат вашата кожа да дише и ја намалуваат можноста за потење. Џемперите од кашмир, како и волнените палта и блејзерите, се апсолутен фаворит оваа година.

Џемпер – фустани
За да не го жртвувате чувството за стил во текот на зимата, побарајте сензуални џемпери – фустани кои изгледаат многу привлечно и ви даваат елегантен изглед. Идеални се за носење со целодневни и вечерни излегувања.

Дебели хулахопки
Ако сакате да носите кратки здолништа во текот на зимските месеци, ќе ви требаат хулахопки. Иако босите стапала изгледаат многу привлечно, стилистите тврдат дека женскиот изглед изгледа особено привлечно завиткан во црни чорапи, кои ги нагласуваат облините и ги кријат несовршеностите.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement