Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Truffles со печени лешници: Највкусните слатки кои може да си ги замислите! (РЕЦЕПТ)

Имате желба за слатки или сте во искушение да изедете пакет наполитанки или цела чоколада? Одолејте им се на предизвиците и направете квалитетно домашно благо што ќе ја задоволи желбата за шеќер, а нема да и наштети на линијата ако ја јадете во умерени количини. Truffles со лешници потекнуваат од Франција и со децении ги воодушевуваат непцата на вистинските чокохоличари со својот полн вкус.

Состојки:

250 гр темно чоколадо (најмалку 60% какао)
125 мл слатка павлака
25 гр путер
малку сол
1 грст печени лешници
200 гр сецкани лешници
100 гр чоколадо за готвење
состојки по избор (цимет, чили, какао во прав, шеќер во прав)

Подготовка:

Скршете го чоколадото и додадете му сол. Во друг сад растопете го путерот на тивок оган, додадете ја слатката павлака и пред да зоврие, тргнете ја од оган и прелијте со чоколадото.

Мешајте со процесор за храна за да се стопи чоколадото полесно и целосно да се комбинира со путерот и павлаката. Кога чоколадото ќе се стопи и смесата ќе биде изедначена и ладна, ставете ја во фрижидер и оставете ја најмалку два часа.

Извадете ја од фрижидер и формирајте топчиња со дланките, а потоа во секоја притиснете по еден печен лешник. Топчињата превртете ги во растопено чоколадо за готвење во кое претходно сте додале сецкани лешници и прелијте ги со некои зачини.

Послужете ги чоколадните топчиња на празничен начин – украсете го плехот со борови иглички или шеќер во прав на кој ќе нацртате снегулки со прстот.

Пријатно!

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement