Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон привлекува внимание со секое нејзино појавување во јавноста, а секое нејзино појавување во јавноста мора да се коментира на страниците на модните портали.
Поради нејзиниот непогрешлив стил на облекување, како што и доликува на член на кралското семејство, Кејт е моден пример за милиони жени ширум светот.
Денес се сеќаваме на некои од нејзините најдобри изданија што ги направи во 2020 година.
Прелистајте ја галеријата и видете како Кејт успева да создаде совршени комбинации на облека со наједноставните парчиња!








