Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Неверојатни часовници инспирирани од најопасните мотори во светот

Вообичаена практика е производителите на луксузни автомобили да се здружат со врвни брендови од светот на хорологијата за да создадат уникатни линии на часовници.

Сепак, досега немавме можност да видиме слични потези во светот на моторите, што часовниците со моторџиски теми ги прави далеку поегзотични. MV Agusta го слави својот 75-ти роденден и соработува со швајцарскиот бренд RO-NI за заедничко креирање на часовник во ограничено издание и со нив ја одбележуваат прославата.

RO-NI е компанија од Сент Мориц, дом на врвниот луксуз, сместена во швајцарските Алпи, која се опишува себеси како производител на рачно создадени хиперчасовници. Линијата за часовници со ограничено издание, создадена специјално за да го прослави големиот јубилеј, се нарекува RO-NI RMV и е инспирирана од дизајнерскиот јазик на MV Agusta, неговото прецизно инженерство и употребата на напредни материјали.

„Оваа неверојатна соработка со брендот RO-Ni е многу важен чекор во спроведувањето на нашата стратегија и развојот на неверојатното партнерство“, изјави Тимур Сардаров, извршен директор на МV Agusta.

„Целта е да се создаде поширок спектар на производи на MV Agusta со беспрекорен квалитет и меѓународен престиж. RMV часовниците можеби не се за секого, бидејќи тие претставуваат врвна изработка и луксузни модели, но совршено го истакнуваат нашиот дух, стремежot кон совршенство и прецизност, карактеристики изразени преку занаетчиско знаење, целокупна убавина и неспоредлива изведба. Неколку од најсреќните клиенти ќе поседуваат дел од историјата на нашиот бренд и нашата душа“.

Ограничена на само 75 примероци, линијата RO-NI RMV е создадена од материјали што можеме да ги видиме на мотоциклите MV Agusta, како титаниум, јаглеродни влакна, легури на алуминиум, кожа и алкантара. Куќиштето на часовникот RMV има димензии 44,5 x 44 mm и содржи скелетизиран титаниумски механизам RS1 со 27 скапоцени камења и 144 компоненти. Ексклузивното издание на часовникот е поврзано со бели Алкантара ремени, соодветни на бојата на нивните основи, додека секоја одделна единица е рачно составувана од еден техничар.

Никола Роса, основач на брендот RO-NI Watches, вели: „Ова партнерство нè исполнува со гордост и ни дава можност да славиме заедно со бренд кој отсекогаш бил симбол на успехот и уметноста на производството. Нашата технолошка и уметничка генетска структура природно се стреми кон овој идеален сојуз. Заедно, ние се стремиме да го скротиме времето, но нашата страст секогаш тече слободно“.

RO-NI RMV часовниците се проценуваат на 56.000 евра и секој од седумдесет и петте единици ќе биде создаден по нарачка.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement