Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Шал како неизбежен зимски моден додаток

Снежните денови допрва доаѓаат, зимата зема се поголем замав, а за да биде идилата целосна, потребни ни се само шалови, капи и ракавици.

Меки, волнени, топли, нежни и практични, шаловите се едни од најгледаните додатоци оваа сезона. Ако комбинацијата е едноставна за вас – има шал да ја разбие монотонијата. Ако ви е ладно – има шал за да се стоплите, и ако не сте сигурни каков вид ви треба – тука е нашата галерија што ќе ве инспирира! Главниот совет при изборот на вашиот топол зимски пријател е: Колку подолго, толку подобро. Широките и обемни шалови совршено се вклопуваат со долги палта. Она што се разликува од претходните години е што некои шалови се дизајнирани да имаат џебови на краевите.

Во колекциите на модни куќи Живанши и Барбери секогаш има место за линија шалови, а нивните модели се актуелни без оглед на годината.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement