Утврдено е дека воспалениjата се коренот на повеќето болести, затоа е од голема важност да се бориме против нив и со тоа да се подобри целокупното здравје.
Комбинацијата од цимет и куркума е еден од највкусните и најмоќните природни начини за борба против воспалението во организмот.
Овој чај е лесен за подготовка, а неговите позитивни ефекти се повеќекратни.
Состојки:
1/4 лажиче цимет
1/8 лажиче куркума
1-2 лажици црн или зелен чај од лабави лисја
1 лажичка стевија или мед
парче лимон, ако сакате
Подготовка:
Додадете ги состојките во тенџере, истурете топла вода околу половина и оставете да се готви 5 минути. Промешајте еднаш и оставете ја смесата да се олади. Потоа додадете коцки мраз, истурете го чајот во чаша и додадете парчиња лимон. Уживајте во овој одличен чај и борете се против воспаленијата во организмот.
Исто така, нутриционистите препорачуваат следниве намирници кои помагаат да се намали ризикот од воспаление, како што се: маслиново масло, домат, ореви, бадеми, спанаќ и кељ, лосос и скуша, овошје, боровинки и портокали…
