Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Земја во која имате најмалку шанси да доживеете земјотрес или каква било друга природна катастрофа

WorldRiskIndex не само што ја анализира можноста за природни катастрофи во одредена земја, туку исто така вклучува и голем број социјални, политички и еколошки фактори.

Поради разорните земјотреси оваа година во Хрватска, многумина барем еднаш помислија дека би сакале да се преселат во земја без чести потреси. Но, експертите велат дека земјотрес може да се случи буквално насекаде. Шансите за тоа се најголеми во сеизмичките области како Јапонија, Филипини или Индија.

Дали знаете во која земја има најмалку шанси за земјотрес? Во Катар. Таа земја на Арапскиот полуостров, според годинешниот извештај WorldRiskIndex, се рангираше на првото место на списокот на најбезбедни земји во светот од природни катастрофи со индексна вредност од 0,31. Со други зборови, во Катар имате најмалку шанси да доживеете земјотрес, поплава, вулканска ерупција и други природни катастрофи.

Но, тоа не значи дека тие никогаш нема да доживеат земјотрес во оваа земја. Сеизмолошката служба во Доха, на пример, регистрираше земјотрес со јачина од 5,7 степени на 9 јуни годинава со епицентар во југозападен Иран, што многу добро можеше да се почувствува во Катар.

WorldRiskIndex не само што ја анализира можноста за природни катастрофи во одредена земја, туку исто така вклучува и голем број социјални, политички и еколошки фактори. Покрај тоа, се фокусираат на потенцијалната ранливост на населението и нивната способност да се прилагодат на новите настани како резултат на климатските промени.

WorldRiskIndex е дел од посеопфатниот извештај за безбедноста пресметан од Институтот за животна средина и човечка безбедност при Универзитетот на Обединетите нации со седиште во Токио. Годинашниот извештај вклучува 181 земја и ги анализира опасностите од земјотреси, вулкански ерупции, бури, поплави, суши и покачување на нивото на морето.

По Катар, најбезбедна земја во светот од природни катастрофи е Малта (0,66 индексна вредност), Свети Винсент и Гренадини (0,81 индексна вредност), Гренада (0,97) и Саудиска Арабија (1,04) Најнеизвесна земја според WorldRiskIndex за 2020 година е земјата во Океанија – Вануату со индексна вредност од 49,7.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement