Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Лекарите тврдат: Ако постојано ги чувствате овие мириси, сигурно сте имале корона

Парозмија, невообичаен симптом што може да трае неколку месеци

Бидејќи пандемијата трае подолго, така се зголемува и списокот на последици по вирусот, а лекарите сега додадоа феноменот парозмија или нарушување на мирисот.

Парозмијата најчесто се јавува кај помлади пациенти и здравствени работници и треба да се разликува од аносмија (губење на чувство за мирис, што е еден од најчестите симптоми на корона).

Лекарите наведуваат дека пациентите кои страдаат од парозмија постојано чувствуваат мириси кои не се карактеристични за нивната околина, а кои не се најпријатни, а тука спаѓа и смрдеата од риба, сулфур или горење.

Хирургот Нирмал Кумар ги опишува симптомите на парозмија како уникатни и многу чудни. Додека прегледувале пациенти со аносмија, се покажало дека некои од нив страдале од „искривено чувство за мирис“ или паросмија. Истражувањата покажаа дека „искривените мириси“ во повеќето случаи продолжуваат да се влошуваат, можат да траат неколку месеци и да имаат огромно влијание врз квалитетот на животот и менталното здравје.

„Вирусот најчесто ги напаѓа нервите во главата, особено оние кои се одговорни за мирисот. Но, тоа веројатно влијае на другите нерви, како и на невротрансмитерите кои испраќаат сигнали до мозокот … Некои пациенти пријавиле халуцинации, нарушувања на спиењето, губење на слухот. Не знаеме точно како функционираат сите овие механизми, но бараме начини да им помогнеме на луѓето да се опорават“, изјави Кумар.

Луѓето кои биле подложени на Ковид-19 честопати поминуваат низ „терапија со мирис“, чија цел е да го обноват чувството за мирис, а Кумар наведува дека првите резултати се многу задоволителни.

„Се собираат податоци за илјадници пациенти кои имаат и анозмија и парозмија, и ова ќе ни помогне подобро да ги разбереме симптомите и како да ги лекуваме“, заклучи Нирмал Кумар.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement