Снежните денови допрва доаѓаат, зимата зема се поголем замав, а за да биде идилата целосна, потребни ни се само шалови, капи и ракавици.
Меки, волнени, топли, нежни и практични, шаловите се едни од најгледаните додатоци оваа сезона. Ако комбинацијата е едноставна за вас – тука е шалот да ја разбие монотонијата. Ако ви е ладно – шалот помага да се стоплите, и ако не сте сигурни каков вид ви треба – тука е нашата галерија што ќе ве инспирира! Главниот совет при изборот на вашиот топол зимски пријател е: Колку подолго, толку подобро. Широките и обемни шалови совршено се вклопуваат со долги палта. Она што се разликува од претходните години е што некои шалови се дизајнирани да имаат џебови на краевите.
Во колекциите на модни куќи Givenchy и Burberry секогаш има место за линија шалови, а нивните модели се актуелни без оглед на годината.

BURBERRY

BURBERRY

CALVIN KLEIN 
SCOTCH&SODA

GIVENCHY

H&M 
MAXMARA

MAXMARA 
ORSAY
