Louis Vuitton е бренд задолжен за создавање работи за нашите плакари, но и за сè што е надвор од нив…
Овој пат, познатиот бренд се стреми да го трансформира нашиот надворешен живот и начинот на работа. Францускиот луксузен бренд очигледно има за цел да достигне престижна позиција во светот на спортската опрема и разните додатоци наменети за забава на отворено, слично како шатори за кампување, скибордови, велосипеди со неверојатен дизајн и линија патики A View.
Louis Vuitton го продолжува своето патување во скејт светот со нови брендирани патики, извонреден изглед и комплетно прилагодени на сите потреби на овој екстремен спорт. Како дел од машката пролетна колекција за следната година, новата линија патики е соработка помеѓу професионалниот скејтер Лусиен Кларк и дизајнерот Виргил Абло, уметнички директор на Louis Vuitton, и доаѓа со совршен спој на стил и најдоброто од светот на скејтерите.
На прв поглед на фотографијата, можеме да бидеме сигурни дека првата линија на скејт чевлите на францускиот бренд изгледаат како полн погодок, многу симпатичен модел во техничка и текстилна смисла, со изобилство на кожни детали што го истакнуваат. Главните аспекти задолжени за целосно одвојување на новите патики Louis Vuitton од другите се блескавите детали на нивниот горен дел, јазикот целосно создаден од техничка пена и полиуретан. Името на популарниот скејтер е врежано во близина на ѓонот, веднаш до LV иконскиот симбол на цвеќе и монограм.
Новите патики доаѓаат во три комбинации на бои, црна и портокалова, бела и портокалова и сина, додека засега немаме никакви информации поврзани со цената, но секако, ако ги имаме предвид големината и луѓето кои стојат зад проектот, тие нема да бидат многу ефтини.




