Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Сега е вистинското време за ова овошје: 7 причини зошто треба почесто да јадете мандарини

Сега е нивната сезона, така што мандарините се веќе достапни на секој штанд и во секоја продавница.

Тие не се скапи, а богатата комбинација на витамини и други состојки го прави ова овошје исклучително важно за здравјето.

Го штитат нашиот имунитет за време на студената сезона, ни помагаат да одржуваме витка линија и се многу вкусни.

Мандарина за витка линија
Како идеална храна за зајакнување на имунитетот и витка линија, се препорачува мандарина, која по состав е слична на портокалите: богата е со витамини Ц и А, фолна киселина и калиум, а има и витамини од групата Б и калциум, магнезиум, цинк, бакар и железо.

Го намалува лошиот холестерол
Истражувањата покажале дека кожата од мандарина содржи хранливи материи кои ефикасно го намалуваат „лошиот холестерол“.

Спречува дебелина
Научниците од Универзитетот во Западен Онтарио откриле дека хранливиот материјал скриен во мандарините спречува дебелина, нуди заштита од дијабетес тип 2 и атеросклероза. Ова се болести одговорни за појава на срцев удар, но и мозочен удар.

Идеално за подготвување оброци
Мандарината е храна што можете да ја користите во разни јадења, особено во салати од свежо овошје. Можете да користите сок од мандарина во подготовка на јадења од тестенини, како и при подготовка на колачи. Можете исто така да користите сок од мандарина во подготовка на јадења со пилешко или риба.

Може да се нанесува и на кожата
Може да направите и маска за лице од мандарина за поздрава и посјајна кожа. Земете 4 парчиња маднарина, извадете ги семето и миксирајте во блендер со лажица јогурт и лажица мед. Нанесете ја на лицето и вратот и оставете да делува 10 до 20 минути. Маската можете да ја користите двапати неделно ако имате мрсна кожа и еднаш неделно ако имате сува и нормална кожа.

Го подобрува расположението
Верувале или не, мандарините можат да го подобрат вашето расположение. Мирисот на мандарина помага при стрес, депресија и анксиозност. Ако имате лош ден и сакате да се чувствувате порелаксирано, пробајте мандарини!

Потешките мандарини се подобри
Кога купувате мандарини, изберете ги потешките, бидејќи тие содржат повеќе вода и сок. За да избегнете губење на вредни хранливи материи, чувајте ги мандарините подалеку од директна светлина. Бидете сигурни да ги консумирате во рок од седум дена по купувањето.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement