Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најтешката задача на Бонд досега, борбата за правата на продолженијата

Британскиот таен агент Џејмс Бонд се борел со бројни негативци низ годините, а сега би можел да се соочи со најдраматичната задача досега.

Челниците на американската филмска компанија МГМ размислуваат да го продадат својот каталог на филмови за британскиот таен агент, па дури и да ги продадат правата за производство на идни филмски продолженија по цена од околу 4 милијарди фунти.

Американскиот МГМ се надева дека ќе започне битка за правата што можат да ги интересираат стриминг услугите како Нетфликс. Неговиот најголем адут е убедливо филмската франшиза Џејмс Бонд, која ја споделува со семејството Брокули, ко-сопственици на авторските права.

Интересот за Бонд се зголеми во октомври по смртта на Шон Конери, првиот и според многумина најдобриот актер кој играше британски таен агент на филмското платно.

Исто така, МГМ продуцираше или дистрибуираше филмови како што се Роки франшизата, „Танц со волците“ и трилерот “Кога јагнињата молчат„ за канибалот Ханибал Лектор, како и многу ТВ серии, вклучувајќи ја и „Приказната на слугинката“.

Според Дејли Меил, раководството на МГМ претходно играше со можноста да го продаде својот каталог, но пандемијата и зголемената популарност на услугата за стриминг ги натераа да помислат дека можат да го исплатат во овој момент, со приватни инвеститори на капитал како можни ривали на гигантските стриминг сервиси во наддавање со готовина.

Американската филмска компанија, која има повеќе од четири илјади филмски наслови и повеќе од 17 илјади часа снимен телевизиски материјал во својот каталог, веќе стана предмет на бројни шпекулации за продажба на права, а „Епл“ и „Амазон“ се прогласени за потенцијални купувачи.

„Волстрит журнал“ објави дека студиото, чиј најголем акционер е Њујорк хеџ фонд, ги ангажирал Морган Стенли и Лајонтри ДОО за да ги советува за процесот на официјална продажба на својот филмски и телевизиски асортиман.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement