Во ова време од годината, тешко дека ќе помине ден без да се слушне песната „All I Want For Christmas Is You“, испеана во 1994 година од американската пејачка Мараја Кери.
Подеднакво омразен и омилен празничен поп хит, најпопуларната божиќна песна на сите времиња, и донесе на пејачката повеќе од 60 милиони долари во последните 25 години во авторски права.
Американската пејачка заработува многу пари секоја година за песната „All I want for Christmas is you“, додека само оваа година доби над седум милиони евра, пишува Мирор.
Песната е толку популарна што Амазон направи документарец наречен „Мараја Кери е Божиќ!“ кој истражува како таа песна станала ваков глобален хит.
